Дома Фудбал Италија Алегри откри кои ѕвезди нема да играат против Интер и се пошегува со Игуаин

Алегри откри кои ѕвезди нема да играат против Интер и се пошегува со Игуаин

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри денес на пресконференцијата пред утрешното дерби против Интер, откри кои од ѕвездите не се спремни за „Дербито на Италија“.

„Јувентус – Интер е дерби помеѓу два тима кои ќе се борат за титулата, но натпреварот нема да биде решавачки за титулата. Се уште не сум решил дали Дибала ќе биде во стартниот тим, треба да ја процениме неговата физичка кондиција. Буфон нема да игра, додека Пјаниќ и Манџукиќ не се спремни 100% за стартниот тим“, откри Алегри.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


За дуелот помеѓу двата аргентински голгетери, Маури Икарди и Гонзало Игуаин, Алегри изјави:

„И Игуаин и Икарди постигнуваат многу важни голови. Гонзало целосно се пормени во последниот месец, многу напредуваше и повторно ги покажа своите квалитети. Во Напол постигна многу важен гол, пред тоа изгледаше како да шутира во медицинска топка“, се пошегува Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…