Дома Фудбал Италија Алегри: Обвинувањата не влијаат на играта на Роналдо

Алегри: Обвинувањата не влијаат на играта на Роналдо

Кристијано Роналдо е максимално опуштен и обвинението за силување не влијае на неговите настапи на теренот, изјави тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Португалецот е сконцентриран за претстојните натпревари на Јувентус и не се плаши од барањето на полицијата во Лас Вегас за приложување на ДНК примерок во врска со истрагата во САД, по тврдењата на Американката Кетрин Мајорга дека Роналдо ја силувал во 2009-та година.

„Случајот на Роналдо е личен и не е поврзан со фудбалот. На тренинзите го гледам целосно опуштен и сконцентриран“, изјави Алегри.

Јувентус во престојните денови го очекуваат два многу важни меча, најпрво со Болоња во Купот, а потоа мечот од Суперкупот на Италија против Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ираола испрати брутални пораки до играчите на Ливерпул! „Сpackувајте ги куферите и заминете!“

Шпанскиот стручњак започна со сериозни промени во тимот, а откако пред паузата за репрезен…