Јувентус во 25 коло од италијанската Серија А го совлада Торино со 1:0 и така ја продолжи трката за Скудетото со екипата на Наполи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Градското дерби за Јуве дојде во прилично незгоден момент, по ремито со Тотенхем 2:2 во Лигата на шампионите, натпревар во кој „старата дама“ имаше предност од 2:0.
„Денес моите фудбалери одиграа одличен натпревар и им честитам на крајот успеаа да одговорат на овој предизвик. Докажавме дека ремито со Тотенхем не е трагедија. Имаме реванш и сигурен сум дека ќе се пласираме во следната фаза“.
„Горд сум на своите фудбалери и среќен сум што ја продолжуваме борбата на сите три фронта. Во својот тим имам одлични фудбалери и среќен сум што имам прилика да ги тренирам“, изјави Алегри.