Масимилијано Алегри за натпреварот против Олимпијакос не ќе може да смета на еден од најдобрите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Хрватскиот „воин“ од редовите на Јувентус, Марио Манџукиќ кој се повреди пред дербито со Наполи, ќе го пропушти и последниот натпревар на својот тим во групната фаза од Лигата на шампионите.
Манџукиќ е познат како фудбалер кој секогаш го дава максимумот на теренот и токму поради тоа е вистински миленик на навивачите
Оваа сезона Манџукиќ постигна три погодоци и запиша две асистенции во италијанската Серија А.
По првите прогнози се очекуваше Манџукиќ да биде спремен за натпреварот во Атина, но сепак најверојатно ќе биде подготвен за дербито од Серија А кое се игра наредниот викенд против тимот на Интер кој во овој момент е лидер на табелата.
Во Лигата на шампионите Јувентус се наоѓа на втората позиција со еден бод повеќе од Спортинг кој игра против Барселона.