Барселона европскиот пат ќе го продолжи во Лигата на Европа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Каталонците после 17 години во низа пролетта нема да ја дочекаат во Лигата на шампионите, а на вчерашниот ждреб во Нион за противник Барселона го доби тимот на Наполи и секако дека не чека возбудлив двомеч.




Коментар на турбулентната сезона на Барселона во Европа даде и искусниот Дани Алвес.
„Мораме да се помириме со фактот дека ќе играме во Лига Европа. Го носиме дресот на Барселона и мораме се да направиме за да се прикажеме во добро издание. Кога го носите дресот на Барселона противникот не е важен. Ова е клуб со историја, не смеете дали пред вас е силен или слаб противник. Треба да се излезе на терен и да се даде се од себе“, изјави Алвес.
Првите натпревари од 1/16 финалето во Лигата на Европа се игра на 17 февруари.