Австријскиот фудбалер Давид Алаба на крајот од оваа сезона најверојатно ќе го напушти Баерн.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На Алаба му истекува договорот со Баварците на крајот од сезона, а во меѓувреме не успеаа да постигнат договор за продолжување на соработката. Алаба се поврзуваше со Барса и Реал, но се чини дека од трансфер во Шпанија нема да има ништо.
„Билд“ вечерва објави дека Алаба веројатно кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ кои е спремен да ги исполни неговите барања што се однесува на платата.
Имено, Алаба сака плата од 20 милиони евра, а Баерн, Реал и Барса не се подготвени за тоа. Сепак, Парижаните се спремни да ја исполнат желбата на Алаба и бесплатно да го донесат следното лето.