Дома Фудбал Италија Акциска понуда: Наполи продава четири играчи за 200 милиони евра

Акциска понуда: Наполи продава четири играчи за 200 милиони евра

Како што пренесуваат медиумите во Италија, Наполи летоска ќе направи вистинска револуција.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Наводно, ќе бидат продадени четири, можеби моментално најдобрите играчи во екипата, а тоа се Кулибали, Алан, Милик и Гулам.

Италијанците пренесуваат дека Гатусо е подготвен за реконструкција на екипата, па се очекува со продажбата на овие играчи да заработи околу 200 милиони евра.

За Кулибали се заинтересирани Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Ливерпул. Со неговата продажба Наполи треба најмногу да заработи, односно околу 90 милиони евра.

Останатите три играчи би требало да чинат околу 110 милиони евра, што е сосема доволно за реконструкција на екипата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Цената за заминувањето на Мбапе би била околу 350-400 милиони евра

Сонот на Килијан Мбапе за трансфер во Реал Мадрид брзо се соочи со пречки, што предизвика …