Дома Фудбал „Ако ја освоиме титулата со месеци нема да можеме да излеземе од своите куќи“

„Ако ја освоиме титулата со месеци нема да можеме да излеземе од своите куќи“

Фудбалерите на Наполи остварија голема победа во дербито против Јувентус и сега имаат само еден бод помалку во однос на Старата дама.

Наполи до победата во Торино стигна во 90. минута кога мрежата на Буфон ја затресе Кулибали. Клубот од Наполи на четири кола пред крајот има само еден бод помалку од Старата дама и никогаш не биле поблиску до освојување на првото Скуде после 30 години.

Во Наполи настана лудило после оваа победа, а многумина се прашуваат како ќе биде ако Наполи дојде до титулата. Дефанзивецот на овој тим, Раул Албиол призна дека никогаш не доживеал толку љубов и желба од навивачите овој клуб да дојде до титулата.

„Навивачите имаат неверојатна желба. Ова е прелудо опкружување. Единствениот проблем за нас доколку ја освоиме титулата ќе биде фактот што со месеци нема да можеме да излеземе од своите куќи. Ова што го доживуваме во Наполи е неверојатно и прекрасно. Се надеваме дека за месец сите ќе ја славиме титулата.“ – порача Албиол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емери го посакува Гави, но Барселона не сака да слушне за продажба

Астон Вила ја разгледува можноста да го доведе Гави, но неговиот договор до 2030 година и …