Шампионот на Македонија, Струга Трим Лум доби тежок противник во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, а ако успее да го изненади Слован Братислава во второто стружани ќе бидат фаворити.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ако го елиминираат шампионот на Словачка Струга ќе се соочи против подобриот од естонската Флора и Целје од Словенија. Со било кој од овие екипи Струга би бил фаворит.
Првите натпревари од тоа второ коло се закажани за 23/24 јули, додека реваншите се на 30/31 јули. Струга би била домаќин во вториот натпревар. Ќе потсетиме, ако Струга биде елиминирана продолжува во квалификациите од Конференциската лига.