Дома Фудбал Совет за Покетино: Ако дојдеш во Манчестер Јунајтед спреми се за критики

Совет за Покетино: Ако дојдеш во Манчестер Јунајтед спреми се за критики

Дел од медиумите на Островот најавуваат дека Маурисио Покетино ќе биде новиот стратег Манчестер Јунајтед.

На Оле Гунар Солскјер не му оди, Јунајтед нема резултати какви што се очекува, па и секој кикс во наредниот период може да значи и отказ за Норвежанецот.

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов испрати совет до Покетино.

„Слушнав дека Покетино може да го превземе Манчестер Јунајтед. Ако прифати да биде тренер на Јунајтед тогаш нека биде спремен на критики. Во Манчестер Јунајтед ако на тимот не му оди секогаш е виновен тренерот, иако во други клубови не е баш така“, изјави Бербатов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мојс бара голови во МЛС: Евертон го следи напаѓачот со 18 погодоци

Келвин Јебоа од Минесота јунајтед е меѓу опциите на Евертон за јануари. Неговата цена би м…