Дома Фудбал Ако остане без СМС, Лацио го купува талентираниот турски репрезентативец

Ако остане без СМС, Лацио го купува талентираниот турски репрезентативец

Доколку Сегеј Милинковиќ-Савиќ го напушти клубот, Лацио ќе го донесе играчот на Лил, Турчинот Јусуф Јазичи.

СМС одамна се поврзува со големи клубови и се верува дека Лацио поради кризата во текот на летото ќе го продаде репрезентативецот на Србија.

Доколку тоа се случи, римскиот клуб ќе се обиде да го донесе Јазичи кој неодамна му даде три гола на Милан во Лига Европа, а добри игри прикажува и во текот на целата сезона.

Спортскиот директор на Лацио, Игли Таре е долгогодишен љубител на играта на турскиот играч кој останува главна мета на небесно-сините.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси повторно тргнува по Скот, Борнмут бара 100 милиони фунти

Алекс Скот наводно е првата јануарска желба на Челси, откако Борнмут летово одбил понуди ш…