Дома Фудбал Италија „Ако на има нова казна за Јувентус, тогаш од оваа сезона регуларно е само Скудетото на Наполи и последното место на Сампдорија“

„Ако на има нова казна за Јувентус, тогаш од оваа сезона регуларно е само Скудетото на Наполи и последното место на Сампдорија“

Поранешниот дефанзивец на Јувентус, Џорџо Киелини смета дека првенството нема да биде регуларно ако Јувентус повторно биде казнет.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На три кола пред крајот Јувентус има осум бодови повеќе од Милан кој е на петтата позиција и ако не биде таа најавена казна во Торино веќе полека можат да бидат мирни кога во прашање е пласманот во ЛШ наредната сезона.

Меѓутоа на откако на Јувентус му беа одземени па вратени 15 бода, сега се најавува нова казна до крајот на овој месец. Јувентус е обвинет за наводно „пумпање“ на цените на фудбалерите со цел да се израмнат финансиските документи.

Бодовите на Јувентус му беа вратени по испратената желба, меѓутоа процесот не запре, туку се врати на почеток. Новото рочиште е закажано за на 22-мај и Италијанците најавуват казна за Јувентус, но не голема како тие 15 бодови.

„Навистина не очекувам Јувентус да биде казнет, како што не очекував и бодовите да бидат вратени. Ако сега повторно му бидат одземени бодови, тогаш од оваа сезона во Серија А регуларно е само Скудетото на Наполи и последното место на Сампдорија“, изјави Киелини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …