Дома Фудбал „Ако Барселона победи во „Ел Класико“ сезоната во Ла Лига е завршена“

„Ако Барселона победи во „Ел Класико“ сезоната во Ла Лига е завршена“

На програмата во Шпанија утре е големото дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид. Барселона во оваа пресметка со најголемиот ривал влегува со девет бодови преднсот на табелата.

Со евентуална победа Каталонците ќе одат на „плус 12“ и според многумина во таква ситуација сезоната е завршена, тешко дека избраниците на Чави ќе си дозволат да испуштат толкава предност во преостанатиот дел од сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Такво мислење има и поранешниот играч на Реал Мадрид, Иван Елгера.

„Ако Барселона го победи Реал Мадрид во „Ел Класико“, сезоната во Ла Лига е завршена“, кратко порача за „Марка“, Елгера.

Барселона победа против Реал Мадрид на домашен терен нема уште од 2018 година, па тоа е нешто што им дава надеж на фановите на „кралевите“. Дербито е закажано во терминот од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …