Дома Фудбал Азар, Варан и Карвахал се враќаат за Челзи

Азар, Варан и Карвахал се враќаат за Челзи

Рафаел Варан, Еден Азар и Даниел Карвахал ќе бидат спремни за првиот полуфинален дуел од Лигата на шампиони против Челзи, пренесуваат шпанските медиуми.

Варан даде позитивен тест на коронавирус, додека Азар и Карвахал подолго време се рехабилитираат од повреда.

Се очекува тројцата да му бидат на располагање на Зинедин Зидан за првиот меч со Челзи во полуфиналето кое на програмата е на 28-ми април.

Што се однесува до Серхио Рамос најверојатно ќе го пропушти првиот меч, но лекарскиот тим ќе се обиде да се опорави за реваншот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…