Дома Фудбал Англија Адама Траоре е една од желбите на Томас Тухел

Адама Траоре е една од желбите на Томас Тухел

Тренерот на Челси, Томас Тухел ќе направи неколку промени во клубот во текот на летниот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германскиот стручњак успеа да ја освои ЛШ со екипата која не е негова селекција и која ја наследи од Лампард, а ова лето ќе направи одредени промени.

Британски Телеграф пренесува дека едно од засилувањата на Томас Тухел може да биде и шпанскиот фудбалер Адама Траоре.

Траоре се најде на листата за засилувања која гермаскиот стручњак ја предал на раководството и лесно може да се случи Шпанецот да заврши на Стемфорд Бриџ.

Тухел во Адама гледа човек кој би можел да ја покрива десната страна во формација 3-5-2 и би бил конкуренција на Рис Џејмс.

Челси наското треба да ги започне преговорите со Волвс за негов трансфер, а за 25-годишниот играч е потребно да се издвои 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Почина човекот поради кого беа воведени картоните на фудбалските натпревари

Поранешниот капитен на аргентинската фудбалска репрезентација, Антонио Ратин, почина во 89…