Серхио Агуеро повторно ќе игра фудбал, а оваа информација доаѓа откако Аргентинецот минатата сезона принудно ја прекина кариерата поради проблеми со срцето.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Агуеро ќе настапи на 28 јануари за Барселона, но не таа од Шпанија, туку таа од Еквадор.




„Среќен сум и ќе се забавувам. Ги имав потребните прегледи, се чувствувам добро и веќе почнав да тренирам, па ќе можам да настапам“, кажа Агуеро.




Аргентинецот е осма ѕвезда која е повикана на „Жолтата ноќ“, а претходно играа Диего Форлан, Андреа Пирло, Кака, Дел Пјеро, Хавиер Маскерано и Карлос Тевез.



