Дома Фудбал Италија Агентот потврди: Хамшик се враќа во Наполи

Агентот потврди: Хамшик се враќа во Наполи

Марек Хамшик ќе се врати на Сан Паоло за прв пат откако замина во Далијан, пишуваат медиумите во Италија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Словакот го носеше дресот на Наполи повеќе од десет години, каде успеа да изгради култен статус, па дури и да го надмине легендарниот Диего Марадона по број на постигнати погодоци.

Ниту денеска, додека е во Кина не се раскина врската со Наполи, а неговиот агент откри дека 32-годишниот фудбалер утре ќе ги бодри Наполитанците во натпреварот против Аталанта. Тоа воедно ќе му биде прво доаѓање на Сан Паоло откако во февруари замина на Далечниот исток.

„Вистина е дека мојот играч во живо ќе го следи натпреварот помеѓу Наполи и Аталанта. За него тоа ќе биде посебен момент.“ – изјави неговиот аген Јури Венглос.

Хамшик со 121 погодок е најдобар стрелец во историјата на Наполи, но наскоро може да го надмине Мартенс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Деко не се шегува, Барселона може да добие „ѕвер“ од 70 милиони евра!

Барселона е решена да го заврши еден од најголемите трансфери ова лето, а во центарот на в…