Дома Македонски спорт Абутовиќ и Македа го напуштаат Вардар?!

Абутовиќ и Македа го напуштаат Вардар?!

makeda

Maкедонскиот и европскиот шампион Вардар следната сезона би можел да остане без Хорхе Македа и Илија Абутовиќ.

Откако Вардар ја освои европската титула ракометарите на овој клуб привлекуваат големо внимание, па така сега германскиот гигант Рајн Некар Левен е заинтересиран за ракометарите кои се од исклучителна важност за тимот на Раул Гонзалес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога во прашање е Абутовиќ, неговото заминување е скоро сигурно и наводно остануваат само уште ситни детали за тој да стане нов ракометар на Рајн Некар идната сезоната, пренесува „24 ракомет“.

Покрај, Рајн Некар интерес за Абутовиќ покажа и Кил, но сепак Рајн Некар во овој момент е клуб со поголеми амбиции како во Лигата на шампионите така и во германската Бундеслига.

Хорхе Македа исто така има понуда од истиот клуб за која наскоро ќе треба да даде и одговор. Да потсетиме Македа во Вардар пристигна од Нант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…