Дома Фудбал Ѕвездата на Интер до Јамал: Ти си чудовиште!

Ѕвездата на Интер до Јамал: Ти си чудовиште!

Дефанзивецот на Интер Алесандро Бастони им се обрати на своите навивачи на Инстаграм откако се смирија впечатоците по влезот на тимот во финалето на Лигата на шампионите. Да потсетиме, Интер сo 3:3 и 4:3 во двата натпревари ја надмина Барселона и влезе во финалето каде што на 31 мај ќе игра против ПСЖ.

“Сега само почнувам да сфаќам какво неверојатно достигнување постигнавме во вторникот. Напорот што го вложивме на теренот беше огромен и сето тоа се исплатеше, и повеќе од тоа, со незаборавната енергија на нашите навивачи. Благодарен сум на секој од моите соиграчи: дух, глад, срце. Да се бориш покрај вас е она што ја прави секоја жртва што сме ја направиле од кога бевме деца вредна. Почит за нашите противници, покажаа неверојатна сила и срце”, напиша Бастони.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Се осврна на еден играч од Барселона пред да им се заблагодари на навивачите за поддршката.

“И посебни пофалби за едно страшно добар момче: Ламин Јамал, ти си чудовиште. За сите Интеристи, се гледаме во Минхен. Благодарам за сè”, заклучи тој.

Фото: Inter/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mбапе не им верува на докторите во Реал, го напуштил Мадрид!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го напушти Мадрид и отпатува за Франција. Според …