Дома Фудбал Ѕвездата на Атлетик пред трансфер, треба да се договорат само уште личните услови!

Ѕвездата на Атлетик пред трансфер, треба да се договорат само уште личните услови!

Ситуацијата околу Нико Вилијамс сè уште не е завршена. Веројатно е дека ќе ја промени средината, но сеуште не е јасно каде ќе ја продолжи својата кариера.

За шпанскиот репрезентативец има интерес од бројни клубови, а последниот што покажа сериозен интерес е Баерн.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Минхенскиот клуб е спремен да ја плати откупната клаузула за крилниот напаѓач на Билбао, а Вилијамс од клубот доби зелено светло за да преговара околу личните услови. Вилијамс има желба да премине во Баерн, но се уште постојат извесни детали околу договорот за регулирање.

Според германските извори, Баерн планира да понуди четиригодишен договор, гледајќи го Вилијамс како замена за Лерој Сане кој замина во турскиот Галатасарај.

Вилијамс на 29 натпревари постигна пет голови и имаше исто толку асистенции. Меѓутоа, најголемо внимание привлече кога со Шпанија го освои Европското првенство минатата година.

Фото: Athlletic Club/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ќе потроши 100 милиони евра за двајца фудбалери на Барселона

Според објавата од „Fichajes“, Ливерпул е подготвен да ги потпише двајцата играчи на Барсе…