Дома Фудбал Ѕвездата на Аталанта се сели во Интер

Ѕвездата на Аталанта се сели во Интер

Лазар Самарџиќ не е прва опција во Аталанта оваа сезона и би можел да го напушти клубот уште во зима.

Според изјавите на медиумите од Апенинот, неколку тимови се заинтересирани за српскиот репрезентативец, а Аталанта е подготвена да го продаде доколку пристигне задоволителна понуда.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Најмногу се зборува за Интер, каде што веќе беше виден пред година и пол, додека уште играше за Удинезе, но сè пропадна во последен момент. Се споменува и Марсеј, кој исто така го посакувал претходно.

Самарџиќ најчесто е резервист оваа сезона, а настапил на 14 натпревари, со учинок од три гола и една асистенција. Често влегува на местото на Де Кетеларе, а понекогаш внесува освежување во екипата кога го заменува Белгијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шефот на Баерн го негира интересот кон Салах

Спортскиот директор на Баерн Минхен Макс Еберл ги отфрли шпекулациите за евентуално доведу…