Дома Фудбал Ѕвезда на Интер: Би го пофалил Јамал, ти си чудовиште

Ѕвезда на Интер: Би го пофалил Јамал, ти си чудовиште

Дефанзивецот на Интер Алесандро Бастони се обрати на своите навивачи преку Инстаграм откако се следеа впечатоците по влезот на тимот во финалето на Лигата на шампионите. Да потсетиме, Интер со резултати од 3:3 и 4:3 ја надмудри Барселона и се пласираше во финалето, каде на 31 мај ќе игра против ПСЖ.

„Само сега почнувам да сфаќам каков неверојатен подвиг остваривме во вторникот. Напорот што го вложивме на тој терен беше огромен и сето тоа се исплати, и повеќе од тоа, со незаборавната енергија на нашите навивачи. Благодарен сум на секој мој соиграч: духот, жедта, срцето. Да се бориме заедно со вас е тоа што секоја жртва што сме ја поднеле откако сме биле деца ја прави вредна. Почит кон нашите противници, покажаа неверојатна сила и срце”, напиша Бастони.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Се осврна на еден играч на Барселона пред да им заблагодари на навивачите за поддршката.

„И посебно треба да споменам еден страшно добар дечко: Ламин Јамал, ти си чудовиште. За сите интеристи, се гледаме во Минхен. Благодарам за сè”, заклучи тој.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Tрансферот е речиси завршен, Џеко ќе потпише за друг клуб од Италија!

Сигналите се многу веројатни дека репрезентативецот на БиХ, Един Џеко, ќе ја напушти Фиоре…