
Германскиот тенисер Александер Зверев одговори на критиките за своите лоши резултати.
Зверев зад себе има доста лоша сезона за вториот тенисер во светот, особено по поразот во финалето на Австралија опен од Јаник Синер.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Германецот не успеа да ја искористи суспензијата на Италијанецот и, иако го освои Минхен, ги разочара сите свои навивачи, но остана на второто место.
Пред почетокот на Мастерсот во Рим, каде што ја брани титулата, беше прашан за тоа што мисли за коментарите дека е најлошиот „број 2“ во историјата на тенисот.
„Тука сум затоа што освоив турнири и затоа што имам резултати. Рангирањето не лаже. Поени добивате кога победувате мечеви и кога освојувате титули“, остро одговори Зверев.
Во своја одбрана, Германецот со руско потекло истакна и не толку добрите резултати на Карлос Алкараз, трет во светот, и Новак Ѓоковиќ, од овој понеделник шести „рекет“ на планетата.
„Знам дека не играв според очекувањата, но не играше ни Карлос. И тогаш го освои Монте Карло. Има такви периоди кај секој играч. Мислите ли дека Новак е среќен со своите резултати? Мислите дека Карлос е среќен? Ниту јас сум среќен со моите резултати“, подвлече Германецот.
Фото: Принтскрин