Дома Фудбал Зошто никој не го купува Адемола Лукман? Напаѓачот на Аталанта е идеална можност за гигантите!

Зошто никој не го купува Адемола Лукман? Напаѓачот на Аталанта е идеална можност за гигантите!

Иако Аталанта изгуби од Реал Мадрид, Адемола Лукман ја понесе наградата МВП и навистина беше најдобриот актер на теренот.

Лукман го постигна голот за 3:2, кој не беше доволен, но важното е што медиумите денеска пишуваат за него, а навивачите ширум Европа ги повикуваат своите управи да го доведат во своите редови.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Лукман има 27 години, се вели дека е во најдобрите години и на врвот на својата кариера, и дека е вистинскиот момент да се покаже на најголемата сцена и да премине во клуб малку поголем од Аталанта.

Лукман има договор до јуни 2026 година, но Аталанта има опција да го продолжи до 2027, само е прашање под кои услови.

Инаку, ако сте заборавиле, Лукман во зима 2017 година пристигна во Евертон од Чарлтон за 8,8 милиони евра. Потоа одеше редум на позајмица во Лајпциг, Фулам, Лестер, за да го откупи Аталанта дури во 2022 за 9,3 милиони евра.

Се покажа дека тоа беше потег на кариерата за него бидејќи под водство на Гасперини Лукман стана едно од најдобрите крила во Европа. За Аталанта одигра 96 натпревари, постигна 43 гола и запиша 23 асистенции, така што и сите бројки се тука, доволни да биде на мета на бројни клубови.

Ако Аталанта го купила Лукман за помалку од 10 милиони евра, сигурно дека ќе заработи многукратно, но и дека ќе биде достапен за пристојна сума. „Трансфермаркт“ го проценува на само 40 милиони евра, но Аталанта сигурно ќе бара и ќе добие малку повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Солскјер има нова работа, чека потврда од клубот

Оле Гунар Солскјер тренерската кариера ќе ја продолжи во Турција каде ќе го преземе тимот …