Легендарниот француски напаѓач Оливие Жиру ги потврди шпекулациите за заминување на Антоан Гризман во Лос Анџелес.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Жиру синоќа беше специјален гостин во Париз на натпреварот Франција – Хрватска, откако минатата година се повлече од репрезентацијата како најдобар стрелец во историјата.
Тој зборуваше за медиумите и за гласините дека Антоан Гризман ќе му се придружи во МЛС лигата.
„Антоан Гризман во Лос Анџелес? Знам дека наскоро ќе има состанок со управата на Атлетико“, рече загонетниот Жиру.
„Релево“ неодамна ја потврди истата оваа вест, дека Гризман до крајот на март ќе има важен состанок по кој 90% ќе биде сигурна судбината на францускиот напаѓач.