Фудбалерите на Жирона ја победија екипата на Алавес со резултат 1:0 во 19. коло од Ла Лига.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Единствениот гол на натпреварот го постигна Солис Ромеро во продолжението.
Во првото полувреме немаше многу шанси, но имаше повреди. Во Алавес веќе после 30 минути игра мораа да излезат Мартин и Жоан Жордан, а ги заменија Конеќни и Гевара. Само три минути подоцна и на Жирона и’ се случи несреќа, бидејќи повредениот Мигел Гутијерез го замени Арнаут Данџума.
Ниту второто полувреме не беше посебно интересно, а потоа во продолжението следеше шок за домашните навивачи.
Жирона постигна гол, Солис Ромеро влезе од клупата 15 минути претходно и стана херојот на својот ттим.
Каталонците сега се седми со 28 бодови, додека Алавес е 16-ти со 17 освоени бодови.
Во следното коло Жирона ја дочекува Севиља, додека Алавес гостува кај Бетис.