Дома Топ вести Хорор во Мексико: Жестоки судири на навивачите🎥

Хорор во Мексико: Жестоки судири на навивачите🎥

Ужасни сцени беа видени на стадионот „Ел Корегидора“ во мексикански Керетаро, каде истоимениот домаќин требаше да игра против актуелниот шампион Атлас.

Хулиганите кои ги следат двата клуба брутално се степаа на трибините на стадионот, тунелите, соблекувалните, па мечот воопшто не се одигра.

Мексиканската полиција соопшти дека повредени се вкупно 22 навивачи од кои девет се пренесени во болница, а  двајца се наоѓаат во критична состојба, и ги демантираше информациите дека има и починати.

Сепак, новинарот Рикардо Хименез објави дека членовите на Barra51, навивачка група на Атлас, потврдиле дека нивниот истакнат член Естебан Хернандез Мартинез или Ел Разор бил убиен во судирот на стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…