Дома Фудбал Жесток судир на полицијата со навивачите во Загреб 📷

Жесток судир на полицијата со навивачите во Загреб 📷

Големи нереди се случија вчера во Загреб по дербито меѓу Динамо и Хајдук, кога гостинските навивачи се судрија со полицијата.

Најпрво делуваше дека станува збор за тепачка на навивачи меѓу двата тима, но подоцна беше откриено дека станува збор за пресметка на полицијата  фанови на Хајдук.

Конфликтот меѓу навивачите на Хајдук и полицијата настана кога припадниците на Торцида се враќаа од натпреварот против Динамо (3:1), во кој навивачите на сплитскиот тим не успеаја ниту да влезат бидејќи не им беше дозволено да внесат навивачки симболи, знамиња и банери.

Полицијата користела оружје за да ја смири ситуацијата и има неколку повредени, а голем број се приведени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити има седум од седум, но Вила знае како да го запре лидерот

Манчестер сити гостува кај Астон вила со максимален учинок во Премиер лигата, но тимот на …