Дома Фудбал „Земјотрес“ во Лондон: Палмер е подготвен да замине од Челси!?

„Земјотрес“ во Лондон: Палмер е подготвен да замине од Челси!?

Бисерот на Челси, Кол Палмер, е еден од најдобрите играчи во светот во моментов – и може да направи голем трансфер во оваа фазa од неговата кариера.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ѕвездата на Челси, Кол Палмер, се поврзува со заминувањето од „Стемфорд Бриџ“, по неговата извонредна партија за време на викендот против Тотенхем.

Шпанскиот медиум „Fichajes“ сега тврди дека Реал Мадрид го следи Палмер, но и дека самиот фудбалер е „заинтересиран“ за преселба во шпанскито гигант.

„Иднината на играчот ќе зависи од подготвеноста на Челси да ги слушне понудите и плановите на Реал Мадрид за реализација на трансферот кој делува дека ќе биде сложен,“ тврди медиумот.

Палмер неодамна потпиша деветгодишен договор со Челси, што потврдува дека реализација на ваков трансфер би било сложено. Сигурно ќе биде потребен нов светски трансфер-рекорд за да се потпише договор со англискиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар доминира во младинските категории: Трет куп трофеј во два дена! (Видео)

Младите фудбалери на Вардар продолжуваат да доминираат во домашните натпреварувања, откако…