Дома Останати Кошарка Заврши најголемата сага: Голден Стејт „жртвува“ двајца кошаркари за Батлер

Заврши најголемата сага: Голден Стејт „жртвува“ двајца кошаркари за Батлер

Заврши една од најголемите саги на крајот од периодот за трансфери. Џими Батлер конечно ја промени средината и во наредниот период ќе игра за Голден Стејт Вориорс.

Се забележа зголемена активност на Вориорс во истражување на пазарот. Наводно, нивната цел бил Никола Вучевиќ, но се одлучија, можеме да речеме, да ризикуваат со Џими Батлер.

Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


И тоа една од најдобрите франшизи на 21. век се „отворила“ доста за да ја добие отфрлената ѕвезда на Мајами. Во замена за Батлер на Флорида беа испратени Ендру Вигинс, Пи Џеј Такер и пик од првиот круг. Покрај тоа, со Батлер беше потпишан двегодишен договор вреден 121 милион долари.

Овој трансфер се случи по прилично напнат месец во односите меѓу Мајами и Батлер. Зашто, Хит три пати го суспендираа најголемата ѕвезда во овој период, а сè започна да се случува откако Батлер вториот ден од новата година побара трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Навивачите на Денвер и Лејкерс како на „бојно поле“ (Видео)

Денвер Нагетс предводени од Никола Јокиќ ги победија Лос Анџелес Лејкерс по драматичен пре…