Дома Фудбал Заврши драмата: Голгетерот на Швајцарија сепaк доби виза и ќе игра на Мундијалот!

Заврши драмата: Голгетерот на Швајцарија сепaк доби виза и ќе игра на Мундијалот!

Голема неизвесност околу учеството на Брил Емболо на Светското првенство 2026 година конечно заврши.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Напаѓачот од швајцарската репрезентација доби дозвола за влез во САД и наскоро ќе им се придружи на своите соиграчи во кампот на националниот тим во Сан Диего.

Фудбалерот на Монако не можеше да патува заедно со екипата на почетокот на неделата, бидејќи американските власти решија дополнително да ги проверат неговите патни документи непосредно пред патувањето. Додека другите отпатуваа во Калифорнија за продолжение на подготовките за Мундијалот, Емболо остана во Швајцарија, очекувајќи ја конечната одлука.

Убавите вести пристигнаа во четвртокот, кога Фудбалската федерација на Швајцарија потврди дека 29-годишниот напаѓач ја добил визата и дека веќе во петок ќе замине за САД.

„Сме известени дека на Брил Емболо му е одобрена визата. Сега може да патува за САД и се очекува да се приклучи на репрезентацијата во петочниот вечер“, се вели во соопштението на швајцарскиот сојуз.

Проблемот изникна поради дополнителни проверки од американските власти, поврзани со претходни правни постапки против фудбалерот. Емболо во средата имаше разговор во Американската амбасада во Берн, каде што надлежните го разгледаа документите поврзани со инцидент од 2018 година во Базел.

Исто така, американските власти побараа и документи поврзани со судска пресуда од 2023 година за неколкукратни закани, по која Емболо беше условно казнет со парична казна. Иако случајот е правосилно заклучен порано оваа година, американските имиграциски служби решија дополнително да ги разгледаат документите пред да одобрат негов влез во земјата.

На крајот се заврши со позитивен исход за швајцарскиот репрезентативец, кој сега може да се стави на располагање на селекторот пред почетокот на Светското првенство.

Емболо е еден од најискусните играчи во составот на Швајцарија и се очекува да има значајна улога во нападот на репрезентацијата за време на претстојниот Мундијал. Неговото пристигнување е големо олеснување за стручниот штаб, кој во изминатите денови со загриженост ја следеше ситуацијата.

По неколку дена неизвесност, кошмарот за Емболо е завршен, а Швајцарија ќе може да смета на еден од клучните свои фудбалери на Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Романо откри која е „бомбата“ на Перез од 150 милиони евра

гледа како една од најголемите ѕвезди на европскиот фудбал во иднина, пренесуваат странски…