Дома Фудбал Заврши бајката на Арсенал: ПСЖ се пласира во финале на ЛШ (Видео)

Заврши бајката на Арсенал: ПСЖ се пласира во финале на ЛШ (Видео)

Со победата од 2-1 против Арсенал во реваншот, ПСЖ ја потврди предноста од првиот натпревар и обезбеди пласман во големото финале, враќајќи се таму по пауза од пет години. Ова ќе биде нивно второ финале во историјата на најелитното клупско натпреварување.

Фабиан Руис го отвори резултатот во 27. минута со вистински европски погодок – со прецизен волеј го совлада голманот на Арсенал, Раја. „Топчиите“ беа речиси незабележливи во првото полувреме, а ни вториот дел не донесе значајно подобрување во нивната игра.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Во 69. минута ПСЖ доби можност преку пенал да го зголеми водството, но Витиња ја испушти шансата – неговиот слабо изведен удар лесно беше одбранет од Раја. Сепак, само три минути подоцна, Ашраф Хакими ја искористи мешаницата во шеснаесетникот на Арсенал и со сигурен удар ја смести топката во мрежата, носејќи предност од 2-0 за ПСЖ.

Токму тој погодок беше аларм за Арсенал конечно да реагира. Во 76. минута, Букајо Сака намали на 2-1 и внесе доза на драма во завршницата, но тоа беше сè што успеаја да направат гостите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вака изгледа хет-трикот на најскапиот играч во историјата на МЛС-лигата (Видео)

Јужнокорејскиот репрезентативец Сон Хјунг-мин (33) постигна три гола за Лос Анџелес во гос…