
Шпанските медиуми пренесуваат вести дека Реал го заврши трансферот на стоперот на Ливерпул, Ибрахима Конате.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најверојатно Конате им соопштил на раководството на Редс дека сака да замине во Мадрид, а трансферот би можел да биде реализиран веќе во јануари.
Конате има договор со Ливерпул до летото 2026 година, така што јануари е последната шанса за Редс да заработат од продажбата на францускиот дефанзивец.
Можеби има вистина во ова, можат да потврдат и последните пишувања на британските медиуми.
Имено, Ливерпул се насочил кон дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони.
Изгледа дека и на Енфилд се помириле со заминувањето на Конате и веќе во јануари сакаат да донесат замена.
Првиот избор е Бастони, иако се зборуваше за летниот преоден рок, Редс ќе тргнат по Италијанецот во јануари ако трансферот на Конате во Реал се реализира, а Шпанците тврдат дека тоа е веќе завршено.