Дома Фудбал Заштитниот знак на Мундијалот од 2010 година е забранет за ова лето!

Заштитниот знак на Мундијалот од 2010 година е забранет за ова лето!

ФИФА официјално потврди дека вувузелите нема да бидат дозволени на стадионите за време на Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Познатите пластични труби, кои стекнаа светска популарност за време на Мундијалот во Јужна Африка во 2010 година и предизвикаа бројни полемики меѓу навивачите и телевизиските гледачи, се најдоа на листата на забранети предмети.

Според правилникот за однесување на стадионите, ФИФА забранува внесување на сите уреди што можат да создадат прекумерна бучава, вклучувајќи вувузели, свирчиња, труби и слични реквизити. Меѓу забранетите предмети се и ласерски покажувачи, како и други уреди што емитуваат ласерски зраци.

Светската куќа на фудбалот воведе дополнителни безбедносни мерки, па ограничувања ќе има и за внесување шишиња за вода за повеќекратна употреба. Навивачите кои нема да ги почитуваат пропишаните правила ризикуваат да не добијат дозвола за влез на стадионите.

Светското првенство ќе започне на 11 јуни, а финалниот натпревар е закажан за 19 јули. Турнирот за првпат во историјата ќе се одржи во три земји-домаќини – САД, Канада и Мексико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА подготвува кривична постапка против Инфантино, ФИФА би можела да ги плати неговите трошоци

Конфликтот меѓу УЕФА и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, би можел да добие и правна р…