Дома Моторспорт За првпат по 23 години во Формула 1 ќе вози Аргентинец

За првпат по 23 години во Формула 1 ќе вози Аргентинец

Tимот на Вилијамс го загуби трпението со Логан Сарџент и Американецот ќе биде заменет со друг возач во остатокот од сезоната.

Сарџент лошо ја започна сезоната, а се кулминираше на трката во Холандија кога се заби во ѕид и го уништи болидот.

Замена за американскиот возач ќе биде Франко Колапинто 21-годишниот возач така ќе биде 49. гран-при возач на Вилијамс Рејстиг од 1977 година. Исто така тој ќе биде и првиот Аргентинец во Формула 1 по 23 години.

Сезонава тој одработи тренинг на Британското ГП и се натпреваруваше во Формула 2 каде што победи во Имола и стигна до подиуми во Шпанија и Австрија.

СУДИРОТ НА САРЏЕНТ ВО ПОСЛЕДНИОТ ВИКЕНД

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Астон Мартин со нов потег: Од Формула 1 на терените за падел

Тимот се здружи со Паделтек за колекција рекети и додатоци, а во 2027 година соработката т…