Дома Моторспорт Возбудлива трка во Асен, на крајот победи Маркез

Возбудлива трка во Асен, на крајот победи Маркез

Исклучително возбудлива трака во Мото ГП се возеше во Асен со безброј претекнувања а на крајот триумфираше Марк Маркез.

Маркез ги надмудри Довициозо, Вињалес и Роси, кои цело време притискаа и ја напаѓаа лидерската позиција. Во еден момент светскиот шампион излета од патеката, по еден дуел со Вињалес, но експресно се врати и на три круга до крајот дојде до посакуваниот триумф.

Конкуренцијата во тие моменти не можеше да го стигне, а дополнително му беше олесната задачата кога Андреа Довициозо во обидот да го претекне Валентино Роси во свиокот број еден се прецени на сопирање, дојде до мал контакт па двајцата Италијанци го загубија ратамот. Нивната „војна“ ја искористија Маверик Вињалес и Алекс Ринс, кои во завршницата водеа битка за последните две места на пиедесталот.

Во генералниот пласман води Марк Маркез со 140 бода, втор е Валентино Роси со 99 бода, додека трет е Марк Вињалес со 93 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

ФИА ги разделува вработените: Строги бариери за Ф1-тимовите од 2027 година

Одделни канцеларии, заклучени ИТ-системи и евиденција за влез во фабриките: ФИА воведува н…