Дома Фудбал Вокер се пресели во Милан, но за деби ќе мора да чека до февруари

Вокер се пресели во Милан, но за деби ќе мора да чека до февруари

Кајл Вокер потпиша за Милан на позајмица од Манчестер Сити, но поради бирократски пречки нема да може да дебитира пред февруари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Причината за доцнењето се регулативите воведени по Брегзит. Поточно, за сите државјани надвор од ЕУ, кои сакаат да останат подолго од 90 дена, мораат да имаат работна дозвола.

Инаку, Вокер во четвртокот пристигна во Милано, каде што беше гласно пречекан од навивачите, но поради наведената причина нема да може да игра за својот нов тим.

Според изворите од Италија, Вокер наскоро ќе изврши лекарски прегледи и ќе биде претставен на прес-конференција во седиштето на AC Милан.

Договорот предвидува позајмица во вредност од 4,2 милиони фунти со опција да остане во Милано до 2027 година.

Иако ќе тренира со екипата, Вокер нема да може да настапи во неделниот натпревар против Парма, ниту следната недела во Лигата на шампионите против Динамо од Загреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откако ја понижи БиХ следеше целосен пресврт: Американската водителка повторно се јави со порака

Абигејл Велез призна дека отишла предалеку во најавата за натпреварот САД – Босна и …