Дома Фудбал Војна и во фудбалот: Голем дел од делгацијата на Иран не доби визи за влез во САД!

Војна и во фудбалот: Голем дел од делгацијата на Иран не доби визи за влез во САД!

Соединетите Американски Држави одбија да издадат визи на дел од стручниот и административниот персонал на иранската фудбалска репрезентација пред Светското првенство 2026 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според извори од иранските медиуми, сите играчи во 26-члениот тим добиле визи, но повеќе членови на стручниот штаб и администрацијата, вклучувајќи и медицинското и аналитичкото персонал, се соочуваат со одбивање.

Меѓу оние на кои им е одбиен влез во САД, се наоѓаат тим менаџерот Мехди Мохамаднаби, генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Иран, Хедајат Момбеини, заедно со ред други официјални лица и членови на стручните служби, пренесува ТВ Прес.

Оваа одлука е дадена иако се одвивале повеќемесечни координации помеѓу ФИФА и иранските фудбалски власти за да се осигура учеството на репрезентацијата на турнирот, кој е организиран од САД, Канада и Мексико.

Нема виза за претседателот

Њујорк Тајмс објави дека повеќе од десетина членови на делегацијата се соочија со одбивање, што предизвика загриженост за логистичката подготовка на тимот. На Мехди Таџ, претседателот на иранскиот фудбалски сојуз, исто така му е одбиена виза.

Тој порача дека учеството на Иран може да се соочи со сериозни пречки поради американските ограничувања. Сите вработени и официјални лица ќе го следат тимот во Мексико додека продолжуваат напорите за добивање американски визи, пренесува Тасним.

Иран првично планираше да ја постави својата база за Светското првенство во Тусон, Аризона, но подоцна, во координираност со ФИФА, ги префрли операциите во Тихуана за да го намали времето кое ќе мора да го помине тимот во САД.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нова опција за Влаховиќ: Може да направи големо предсвство и да игра во Лигата на шампионите!

Душан Влаховиќ е на чекор да го напушти Јувентус по неуспешните преговори со управата за п…