Дома Фудбал Во Реал Мадрид повторно ќе бидат бесни на судиите: „Кралевите“ не ја победија Осасуна (Видео)

Во Реал Мадрид повторно ќе бидат бесни на судиите: „Кралевите“ не ја победија Осасуна (Видео)

Реал Мадрид одигра нерешено на гостувањето против Осасуна со резултат 1:1 во натпреварот од 24. коло на Ла Лига, одигран на стадионот Ел Садар во Памплона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Натпреварот беше исполнет со контроверзни одлуки од страна на судиите, што предизвика незадоволство меѓу играчите и навивачите на Реал Мадрид.

Водечкиот гол за Кралевите го постигна Килијан Мбапе во 15. минута, по асистенција на Федерико Валверде од десната страна.

Сепак, во 39. минута, Реал Мадрид остана со играч помалку откако Џуд Белингам доби директен црвен картон по вербален конфликт со главниот судија Мунур Монтеро.

Осасуна изедначи во второто полувреме, кога хрватскиот напаѓач Анте Будимир реализира пенал досуден по прекршок на Едуардо Камавинга за конечните 1:1.

Реал Мадрид сега има само два бода повеќе од Атлетико и три од Барселона, кои допрва треба да ги одиграат своите натпревари од ова коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Коби Мејну ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

Младиот играч од средниот ред Коби Мејну е блиску до продолжување на договорот со Манчесте…