Дома Тенис Во последен момент откажан мечот на Ѓоковиќ со Циципас – поради безбедносни причини!

Во последен момент откажан мечот на Ѓоковиќ со Циципас – поради безбедносни причини!

Предвидениот пријателски натпревар помеѓу Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас, кој требаше да се одржи денеска во Атина, е откажан во последен миг бидејќи грчките власти оценија дека нема соодветни безбедносни услови за одржување на настанот, известуваат локалните медиуми.

Средбата од забавен карактер беше закажана во Зепион, непосредно во центарот на Атина и беше планирано да привлече голем број гледачи.

Сепак, полицијата и безбедносните служби одлучиле дека настанот треба да се откаже поради проценка на ризикот и можните потешкотии при организацијата на собирот на оваа локација.

Поради ова, публиката ќе биде лишена од можноста да ужива во атрактивните потези на Ѓоковиќ и Циципас, но ова нема да го засегне одржувањето на официјалниот тениски турнир во Атина, кој започнува на 2 ноември и ќе трае до 8 ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

На 18 години до 12. место во светот: Јовиќ со порака за успехот што не доаѓа лесно

Ива Јовиќ ја заокружи сезоната со емотивна објава: зад големиот пробив стојат тешки порази…