
Раководството на Милан ќе одржи нов круг разговори со Оливер Гласнер во следните часови. Претставниците на поранешниот тренер на Кристал Палас се оптимистички расположени за постигнувањето на договор, соопштуваат локалните медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
В понеделник наутро “Гадзета дело Спорт” соопшти дека австрискиот тактичар очекува втора средба со Златан Ибрахимовиќ и Џери Кардинале по првичните разговори од минатата недела.
Гласнер дал приоритет на преоѓање во Милан и се смета за главна цел од „росонерите“, а двете страни ќе воспостават нов контакт најдоцна до утре, вторник, 9 јуни. Поради ова, антуражот на тренерот е уверен дека на претстојната средба ќе биде постигнат договор.
Во исто време, Маурисио Почетино останува реален кандидат за позицијата во Милан. Според “Гадзета дело Спорт”, тренерот на репрезентацијата на САД веќе има принципијален договор со гигантот од Серија А.
Милан го отпушти Масимилијано Алегри, откако тимот не успеа да се квалификува за Лигата на шампиони во сезоната 2025-26. Заедно со тренерот, беа ослободени и генералниот директор Џорџо Фурлани, спортскиот директор Игли Таре и техничкиот директор Жофри Монкада. Сега Ибрахимовиќ и Кардинале се зафатени со преструктурирање на раководството на клубот и водат разговори со потенцијални нови тренери.