Дома Фудбал Во Леверкузен веруваат дека Чаби Алонсо ќе остане

Во Леверкузен веруваат дека Чаби Алонсо ќе остане

Раководството на Бајер Леверкузен очекува Чаби Алонсо да остане во клубот и по летото, тврди “Билд”.

Шпанскиот тренер учествува во планирањето за следната сезона, при што учествува во разговорите околу летните подготовки и евентуалните трансфери.

Според запознаени лица, Алонсо споделил со своите блиски дека мисли на поголем клуб, но не планира да ја промени работата до крајот на сегашниот договор, кој трае до 2026 година.

За него единствена насока е Реал Мадрид, а таму иднината на Карло Анчелоти не изгледа загрозена. Во Леверкузен се оптимисти и дури планираат да разговараат со Алонсо за продолжување на неговиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најслабиот тим во ПМФЛ остана без тренер

Муарем Муарем повеќе не ја извршува функцијата тренер на Скопје. Клубот и стратегот ја пре…