Дома Фудбал Во Леверкузен веруваат дека ќе го задржат Виртц

Во Леверкузен веруваат дека ќе го задржат Виртц

Во Бајр Леверкузен се уверени дека ќе го убедат младиот талент Флориан Виртц да го продолжи договорот со клубот, тврди “Билд”. За него има интерес од неколку водечки европски клубови, а Баерн не го крие своето желание да го доведе во своите редови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Аспирините” сепак веруваат дека ќе потпишат нов договор со 21-годишниот фудбалер. Нивната понуда е за двојно зголемување на платата и договор до 2028 година, со клаузула за раскинување која ќе стапи во сила по Светското првенство во 2026 година.

Разговорите помеѓу клубот и Виртц се во напредната фаза, а фудбалерот ќе има време во мир да размисли за својата иднина, бидејќи е повреден и нема да игра неколку недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кој го убеди Родри да ја избере Барселона?

Иако скоро беше договорено Родри да премине од Манчестер Сити во Реал Мадрид, во последен …