Дома Фудбал Влаховиќ во изненадувачки трансфер го напушта Јувентус?

Влаховиќ во изненадувачки трансфер го напушта Јувентус?

Душан Влаховиќ треба да го напушти Јувентус во летниот преоден рок и да пронајде нов клуб. Иако се пишуваше дека кариерата треба да ја продолжи во некоја од најсилните европски лиги, турските медиуми пишуваат дека засега не добил задоволителна понуда и би можел да премине во Фенербахче. Додаваат дека првата средба веќе е одржана.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Спортскиот директор на Фенер, Марио Бранко, кој на иста позиција беше во Хајдук од 2016 до 2018 година, наводно се сретнал со претставниците на српскиот репрезентативен напаѓач и Јувентус. Се тврди дека истиот разговор го имале Влаховиќ, како и тренерот на Фенер, Жозе Мурињо, и капитенот на тимот, Душан Тадиќ.

Влаховиќ пристигна во Јувентус во јануари 2022 година со трансфер вреден 83.5 милиони евра. Торинскиот клуб го донесе од Фиорентина како гаранција за голови, а доби 55 во 140 одиграни натпревари. Во оваа сезона на Серија А, постигна девет гола во 26 настапи.

Италијанските медиуми пишуваа дека Јувентус е подготвен да прифати понуда од околу 40 милиони евра за Влаховиќ. Реши да го продаде откако Влаховиќ не сакаше да се согласи на продолжување на договорот кој му важи до крајот на следната сезона.

Фото: Juventus FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Керик остана без голема желба: Бразилецот го одби Манчестер Јунајтед и потпиша тригодишен договор

Мајкл Керик сè уште официјално не започна да го составува тимот за новата сезона, а Манчес…