Дома Фудбал Влаховиќ се сели во Лондон

Влаховиќ се сели во Лондон

Тимот на Арсенал е во потрага по напаѓач од висок калибар, а главната цел на тренерот Микел Артета е ѕвездата од Јувентус, Душан Влаховиќ.

Неговиот сегашен договор со Јувентус истекува во јуни 2026 година, но нема напредок во разговорите за нов договор меѓу двете страни.

Иако Јувентус сака да му понуди нова соработка, разговорите се одвиваат тешко, а Влаховиќ од лето ќе биде во последната година од актуелниот договор.

Арсенал, кој има потреба од нов напаѓач, гледа можност во оваа ситуација, и Артета најмногу го посакува Влаховиќ во својот тим.

Откако постигна договор за трансфер на Коло Муани, Јувентус е подготвен да се раздели со Влаховиќ, а Арсенал веќе подготвува понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал подготвува 80 милиони евра за враќање на Нико Паз?

Мадриѓаните планираат следното лето да ја активираат опцијата за враќање на аргентинскиот …