Дома Фудбал Влаховиќ си заминува од Јувентус, но останува во Италија

Влаховиќ си заминува од Јувентус, но останува во Италија

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ не се снаоѓа најдобро во Јувентус и заминувањето на лето е неизбежно.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од Италија пристигнаа нови информации дека Милан е заинтересиран за поранешниот центарфор на Партизан и Фиорентина.

Послабите игри оваа сезона и доаѓањето на Рандал Коло Муани во јануарскиот трансфер период резултираа со не баш најдобар статус на Влаховиќ во Јувентус. Не му е баш омилен меѓу навивачите, па српскиот голгетер би можел летово да ги напушти „Бјанконерите“ и да ги ослободи од големата плата која ја има.

Англија е потенцијална дестинација, но од Чизмата доаѓаат вести дека Милан го сака Влаховиќ, а размена меѓу овие два тима би можела да биде на повидок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер може да му укаже голема доверба на вториот свој голман во новата сезона

Станува сè поверојатно Хосеп Мартинес да биде стартниот голман на Интер следната сезона, и…