Дома Фудбал Вистински господин: Пепе Реина помага во спас на шпански клуб

Вистински господин: Пепе Реина помага во спас на шпански клуб

Голманот на Милан, Пепе Реина му помогнал на шпански клуб да се спаси.

Реал Мурсија моментално е во многу тешка состојба. После неколкуте промени на сопственикот, сега акциите на овој клуб се достапни за сите оние кои имаат доволно пари да ги купат.

Моментално се натпреваруваат во трета лига, а Реина објави на Твитер дека купил акции и на тој начин му помогнал на овој клуб.

Акциите се достапни за секој, па затоа искусниот голман ги замоли и другите кои имаат можност да купат акции тоа да го направат и на тој начин да помогнат. Реина не откри колку купил, но познато е дека цената за 10 акции е 1,22 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…