Дома Фудбал Винисиус провоцоираше на „Сан Мамес“ – подобро му е да не доаѓа повеќе (Видео)

Винисиус провоцоираше на „Сан Мамес“ – подобро му е да не доаѓа повеќе (Видео)

Реал Мадрид во средата беше гостин кај Атлетик Билбао, и на крилјата на своите Французи извојува убедлива победа со резултат од 3:0.

Дуелот на Сан Мамес го обележија двата мајсторски потези на Килијан Мбапе, како и одличните одбрани на Тибо Куртоа. Покрај Мбапе, меѓу стрелците се запиша и неговиот сонародник Камавинга, кој со глава ја смести топката во мрежата на центаршут токму на Мбапе.

Со оваа победа Реал се доближи до Барселона на бод разлика, а она што е многу важно за нив е што ја прекинаа негативната серија од три последователни нерешени натпревари.

Тој е познат по своето контроверзно однесување. Може да влегува во расправии со судии и играчи, па дури и да ги провоцира навивачите. Сега реши повторно да направи хаос.

Винисијус во еден момент се сврте кон домашните навивачи и со гест на броење до три, покажувајќи колку голови постигна Реал Мадрид. Моментот е забележан на социјалните мрежи, а запалени навивачи на Атлетик почнаа да го навредуваат и сигурно дека му подготвуваат пекол следниот пат кога ќе дојде.

Видеото може да се погледне ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…