Дома Фудбал Винисиус конечно се огласи по неговото неумесно однесување на Ел Класико

Винисиус конечно се огласи по неговото неумесно однесување на Ел Класико

Шпанските медиуми известија дека Реал Мадрид нема да го казни дисциплински Винисиус Жуниор за неговата бурна реакција за време на Ел Класико против Барселона.

Да потсетиме, Бразилецот кога беше заменет преговори на тренерот Хаби Алонсо и гневно го напушти теренот, што предизвика бројни реакции и кај навивачите и во јавноста.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Откако разговараше со тренерот на голманите, Винисиус се врати на клупата, но по завршувањето на натпреварот влезе во вербална расправија со неколку играчи на Барселона, вклучувајќи го и Ламин Јамал.

Три дена после натпреварот, Винисиус Жуниор јавно се огласи и се извини преку социјалната мрежа X (поранешен Twitter):

„Сакам да им се извинам на сите навивачи на Реал за реакцијата за време на Ел Класико. Се извинив лично на тренингот на моите соиграчи, но сакам и преку овој начин да се извинам на нив, на клубот и на претседателот.”

Бразилецот објасни дека неговиот испад не бил од непочитување, туку поради големата желба да и помогне на екипата:

„Понекогаш страст ми го одзема разумот затоа што секогаш сакам да победам и да се давам во целост. Мојата натпреварувачка природа произлегува од љубовта кон овој клуб и кон сето она што тој го претставува.”

На крајот додаде:

„Ветувам дека ќе продолжам да се борам секој момент за доброто на Реал, исто како што го правам тоа од првиот ден кога пристигнав тука.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски жестоко ги критикуваше судиите во БиХ: Вакво нешто не сум видел никаде на друго место!

Македонскиот дефанзивец Стефан Ристовски, кој настапува за Сараево, јавно проговори за сла…