
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Депортиво Алавес со 2:1 на натпреварот од 33-тото коло на Ла Лига. Головите за триумфот на Кралевскиот клуб ги постигнаа Кијан Мбапе и Винисиус Жуниор, додека почесниот погодок за Алавес го постигна Тони Мартинез. Со оваа победа, Реал го оправда својот статус на фаворит и продолжи да го следи лидерот Барселона, која има шест бода повеќе и натпревар помалку. Алавес продолжува да се бори за опстанок, моментално е 17-ти со 33 бода, еден повеќе од Елче.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Реал поведе во 30-тата минута. Мбапе успеа да го освои топката на околу 20 метри оддалеченост и со удар кој се одби од противничкиот одбранбен играч, топката заврши во мрежата за 1:0. Предноста беше зголемена во 50-тата минута. Винисиус шутираше силно од повеќе од 25 метри и фантастично го погоди долниот агол за 2:0. По постигнувањето на голот, Бразилецот им се извини на публиката, како реакција на свирежите од дел од навивачите за време на натпреварот. Ситуацијата можете да ја погледнете ОВДЕ.
Алавес дојде до почесниот гол во 93-тата минута.